80 годишен битолчанец претепа полицаец

0
12138

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.К.(80) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 17.05.2016 година, во 11,45 часот во продавница во Битола при вршење на службено дејствие од страна на полициски службеник врз Д.А. кој вербално се расправал со пријавениот во еден момент физички го нападнал полицискиот службеник удирајќи го со тупаница во пределот на главата и со нога во пределот на телото, по што му нанел телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.