80 српски функционери и бизнисмени уапсени поради корупција

0
326

Во масовен бран апсења синоќа во Србија се приведени 80 лица, меѓу кои и владини претставници, под обвинение за перење пари, фалсификување и мито.

Штетата што ѝ била причинета на Србија со овие активности е до 110 милиони евра од 2004 година, според српски Телеграф, кој се повикува на изјава на министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ. Меѓу уапсените има политичари, поранешни министри и бизнисмени што соработувале со нив.

„Операцијата беше спроведена со цел да им се спротивставиме на финансискиот криминал и корупцијата, особено оние поврзани со државните органи“, рече денеска Стефановиќ за новинарите.

Уапсени се поранешниот министер за трговија, Слободан Милосављевиќ, како и поранешната директорка на агенцијата задолжена за борба против корупцијата, Зорана Марковиќ, и познатиот бизнисмен и сопственик на компанијата „Биохемије“ Жељко Жуниќ.

Стефановиќ потврди дека се отворени 20 случаи за корупција во врска со 80-те апсења. Сите наводни кривични дела датираат од 2004 година.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY