8000 илјади садници засадени во Преспа

0
294

Околу 8.000 садници црн и бел бор, костен, даб и црн орев денеска се засадени на местото викано Долги рид во општина Ресен во рамките на 17. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Учество зедоа околу 500 ученици од основните и средното училиште во Ресен, вработени во општина Ресен, ЈП „Македонски шуми“, МВР, Здравствениот дом – Ресен и други граѓани.

На оваа локација на површина од 20 хектари предвидено е да се засадат 40.000 садници, од кои остатокот во наредниот период ќе го засадат врабтените во подружницата на „Македонски шуми“ од Ресен.

– Со ова продолжи континуитетот во Преспа секоја година да се засадуваат нови површини со дрвја со што се збогатува шумскиот фонд, изјави градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.