817 ликовни творби за меѓународната изложба Битола 2016

0
1075

Детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј-Битола, ги избра најдобрите творби од Меѓународниот ликовен конкурс Битола 2016, кој беше распишан во почетокот на септември 2015 а траеше до февруари 2016.Оваа година од вкупниот број на творби 10.229 за 34- тата меѓународна изложба на детски ликовни творби, се одбрани 817 дела.

Жирито оваа година е составено од меѓународни ликовни педагози и историчари на уметност.

Малиот битолски Монмартр, по петти пат учествува на ликовната олимпијада.

За овогодинешната меѓународна изложба доделени се вкупно 405 награди.

Оваа година наградата професор д-р. Богомил Карлаварис за животно дело, е доделена на ликовниот педагог Борош Џорџи од Суботица.

Гран при- то за 2016, оди во Словачка а за најдобра колекција е прогласена турската.

Награди за учество на Малиот битолски Монмартр, добија 19 екипи од Словачка, Кина, Турција, Украина, Русија, Србија, Бугарија, Романија, Полска и други.

Доделени се и 17 награди за најдобра колекција Златна четка, 138 награди Златна палета за најдобри поединци, 228 дипломи за поединечни остварувања на конкурсот Битола 2016 за светската изложба.

Меѓународната изложба ќе биде отворена на 23- ти мај .

 

Без коментари

LEAVE A REPLY