86 загинати, 186 повредени во експлозиите во Анкара

0
1493

Турското министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 86 лица ги загубиле животите а 186 се ранети во експлозиите.

Цел на бомбашкиот напад биле луѓето кои се собирале да учествуваат на најавениот голем мировен протест во центарот на Анкара, организиран од синдикатот на вработените во јавната администрација и повеќе други левичарски групи а експлозиите се случиле во близина на железничката станица во градот.

Првата експлозија се случила околу 10 часот наутро, два часа пред почетокот на протестот.

Граѓаните на мировниот собир и маршот низ улиците на Анкара сакале да повикаат на итно запирање на насилствата и крвавите судири меѓу турската армија и курдските милитанти.

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, закажа итен состанок на националниот совет за безбедност, додека Претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган ги осуди експлозиите како терористички чин. Тој ја прекина и својата изборна кампања и од Истанбул веднаш замина во главниот град на државата.

Неофицијално, полицијата ги проверува информациите дека барем една од експлозиите била предизвикана од бомбаш самоубиец.

Подршка на најавениот мировен собир даде и

Лидерот на про-курдската партија ХДП, која го поддржа најавениот мировен собир во Анкара, ги обвини државните служби за нападот и ги откажа сите свои изборни активности.

Предвремените парламентарни избори во Турција, треба да се одржат на 1-ви ноември а беа закажани откако во јули повторно се интензивираа крвопролевањата  и вооружените судири меѓиу турските сили и вооруженото крило на курдската работничка партија, по двегодишното примирје.