9 години позитивни вибрации со ConTruDj

0
497

ConTruDj оваа година прославуваат 9 години постоење.

Бендот кој го сочинува Владимир Николиќ-Дадо, Зоран Јагоридовски-Конга и Иле Микаровски, пред 9 години започнаа со правење на најдобрите забави низ Македонија.

Првите свирки започнаа во тогашниот клуб Инфинити а од тогаш до денес, настапуваат низ цела Македонија.

Она што е интересно е што заедно со Тера телевизија прославуваат роденден на ист датум.

За 10 годишнината на бендот, најавуваат албум.