9 Мај – Ден на победа над фашизмот и слободна Европа

0
824

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Почесниот руски конзулат најавуваат традиционално одбележување на Денот на победата над фашизмот – 9 Мај, со концерт во Битола на 7-ми мај, „Еден ден на Победата“. Освен во Битола, различни настани ќе се одржат и во Скопје и Прилеп со кои ќе се прослави овој голем историски ден.

9 Мај е денот кога во многу земји во светот, а особено во Русија, се слави Денот на победата над фашизмот. Втората светска војна однесе над 50 милиони човечки жртви, а преку половина од жртвите во Европа ги поднесе Советскиот Сојуз. Станува збор за 27 милиони луѓе, а голем дел од нив не биле вооружени борци, туку цивили. Во Русија овој празник е многу значаен, но тоа не значи дека се прославува само во Руската Федерација. Русите го прославуваат заедно со другите земји кои биле во состав на антихитлеровата коалиција. Споменот за Победата не познава граници и не ги дели луѓето според национална припадност. Во неколкудневното одбележување на 9 Мај покрај Амбасадата на Русија и Почесниот руски конзулат, се вклучуваат и повеќе здруженија на руски сонародници во Македонија.

Карактеристичен симбол на борбата против фашизмот е Георгиевата лента. Тоа е лента на ордените на Св. Ѓорѓи и „Георгиевскиот медал“, лента на војничкиот „Орден на славата“ и медалот „За победа над Германија“. Денес, Георгиевската лентичка е симбол на доброто и светлината и е симбол не само на борбата против фашизмот, туку туку и со појавите на секаков вид екстремизам во целина.