9 македонски филмови следната година за номинации за Оскар

0
370

На денешната прес конференција во Скопје,  по повод претстојното 36-то издание на ИФФК Браќа Манаки, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, истакна дека следната година, дури 9 македонски филмови, ќе имаат можност да се номинираат за престижната награда Оскар, што е најголем број од изминатите години.
-Овој фестивал е бренд на Македонија, кој ја вреднува естетиката на филмот-рече Милевска, и ги најави филмовите кои во моментов се во постпродукциска фаза а својата премиера ќе ја имаат следната година, меѓу кои-Кога денот немаше име, Сведок, Ослободување на Скопје,филмот на Раде Шербеџија кој се снимаше и во Битола.
Фестивалот и оваа година го продолжува континуитетот, на отварање на истиот со македонски филм. Досега таа улога им припадна на филмовите-Мајки, Соба со пијано, Трето полувреме, До Балчак, а оваа година 36-тото издание се отвара со филмот Лазар,на режисерот Светозар Ристовски.