9-та квартална конференција на АВОН во Битола

0
382

АВОН е компанија која речиси 130 години се залага за убавината, иновациите, оптимизмот и пред се доброто на жените.
Во Битола се одржа 9-тата квартална конференција на зона 6, зоната која освен Битола ги опфаќа Охрид, Ресен, Струга и Демир Хисар, најголема зона со над 1650 претставници.
Од година во година се повеќе се зголемува бројот на битолчани, кои ги купуваат производите на АВОН.
Од оваа компанија посебно се горди на новото заштитно лице Каролина Гочева.
На конференцијата настапија и танчери од танцувачкото студио Степ ап од Битола.
АВОН се залагаат постојано да градат уникатно портфолио од козметички производи и брендови, настојувајќи да ги надминат нивните конкуренти во квалитет, иновативност и вредност и да го подигнат нивниот имиџ за да станат козметичка компанија кај која најчесто ќе се обратат жените од целиот свет.
Се залагаат да бидат посветен свестки лидер кој се залага за здравјето и благосостојбата на жените преку филантропските напори кои целосно ќе го елиминираат ракот на дојката и ќе им даде можност на жените да постигнат економска независност.
AВОН насекаде во светот ги поддржува напорите на организации кои сакаат да го сопрат насилството врз жените, преку континуирани едукативни кампањи и преку собирање средства од производите наменети за борба против семејното насилство кои се продаваат преку повеќе од 6 милиони активни AVON Претставници ширум светот.

Без коментари

LEAVE A REPLY