9 виолини за музичкото училиште

0
600

Државното музичко училиште од денес има нови девет виолини, кои денес им беа донирани од Лајонс клубот Битола. Виолините се набавени согласно потребите на училиштето.

-Донацијата од 9 виолини ја доделуваме на државното музичко училиште, едно од најстарите музички училишта во Македонија. Во ова училиште се образувале многу кадри кои дале посебен придонес во развојот на музичката култура во државата, но и надвор од неа. Верувам дека оваа донација ќе им овозможи на многу млади да продолжат да ја шират музичката култура во Македонија и надвор од нејзините граници, истакна Веле Стефановски, претседател на Лајонс клуб Битола.VELE

Деветте виолини ќе ги користат ученици од различни генерации.

-Им благодариме на лајонсите за оваа донација. Нам секогаш ни недостигаат музички инструменти бидејќи стареат, се менуваат и треба да се обновуваат. Оваа донација доаѓа во вистински момент и во вистински раце и ќе го зголеми фондот на најразлични виолини кои ги користат сите генерации, истакна директорот на државното музичко училиште во Битола, Василчо Пецаковски.VASILCO

Средствата за донацијата беа обезбедени на неодамнешниот хуманитарен „Црно бел бал“ кој по деветти пат го организираше ЛК „Битола“.