90 % од младите Роми се невработрени

0
860

Слабиот интерес од страна на работодавачите да вработат Роми е главен проблем со кој се соочуваат Ромите во Битола, а од друга страна и недоволното образование кај ромската популација, покажува истражување кое ги опфати младите Роми од 18 до 29 години кои живеат во Битола. Ако се земе во предвид дека повисоката плата и заработувачката се главен мотив за отпочнување на сопствен бизнис тогаш кој е ставот на Ромите околу започнување на сопствен бизнис?

– Ромите на некој начин илегално работат свој бизнис, нели тоа е онаа сива економија, но тоа тие не го гледаат како бизнис туку како начин за екзистенција, и од таа причина ние младите Роми сакаме да ги насочиме и кон пристап со претприемништво, да сватат дека секоја работа што самостојно ја извршуваат и придонесуваат да егзистираат нивните семејства е на некој начин претприемништво и ние сакаме да му го дадеме тој мотив тие да прифатат дека бизнисот ќе биде најголема гранка каде што тие би можеле да се вработаат, изјави Ремзи Медик Баирска Светлина

Како решение на овој проблем во рамките на проектот Активно учество во намалување на младинската невработеност кај Ромите во општина Битола кој е дел од програмата Заедно за успех, се формира прва локална стратегија за намалување на невработеноста кај младите Роми. Процесот на подготовка на документот започна со формирање на меѓусекторска работна група составена од претставници на локалната самоуправа, јавните институции и граѓанските организации од Битола.

– Направивме напори и чекори за да направиме стратешки документ со кој што понатаму треба да придонесеме кон намалување на невработеноста кај младите Роми, овој пат акцент ставивме на претприемништвото, значи да се описменат младите Роми со претприемачки знаења и вешини, како и нивна подготовка за подобра конкурентност на пазарот на труд, изјави Маја Ангеловска, програмски менаџер во МКЦ Битола

Младински културен центар – Битола во соработка со Баирска светлина Битола а со поддршка и партнерство на Општина Битола го имплементираат проектот земајќи ги во предвид препораките од двата консултативни форуми со цел истиот да ја отсликува вистинската потреба и реалните чекори кои треба да се преземат за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво во општина Битола.