99 дипломци и 25 магистри промовирани на Технички факултет

0
1607

-Денес на Технички факултет во Битола беа промовирани 99 дипломци , студенти на прв циклус студии и 25 студенти на втор циклус студии, магистранти. Горди сме со фактот дека Технички факултет во Битола претставува расадник за квалитетни кадри од областа на техничките науки. Тоа го потврдува и големиот број на успешни инжинери , стопанственици, истражувачи и научници кои што го стекнале своето знаење на нашиот факултет. Наредната академска година ќе бидат доделени по 5 стипендии од ЕЛЕМ и МЕПСО во висина од 6 илјади денари , една стипендија од ЕЛЕМ во висина од 6 илјади денари . Ќе бидат доделени и 7 уписнини во висина од 200 евра, изјави проф.д-р Стојанче Нусев декан на Технички факултет