Абади прогласи целосно ослободување на Фалуџа

0
505

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади објави дека Фалуџа, административниот центар на западната покраина Анбадр, на само 50 километри западно од главниот град Багдад, е целосно ослободена по повеќе од две години окупацијата на екстремната сунитска групација Исламска држава.

Десетици илјади Ирачани излегоа на улиците во градовите ширум земјата да го прославата ослободувањето на стратешки важниот град Фалуџа од рацете на Исламската држава.

Ноќта кон саботата невладини организации организираа поворки во главниот град Багдад, во јужните градови Ди Кар и Басра, и во централната покраина Бабил, по завршувањето на постот во текот на светиот муслимански месец Рамазан, јави ирачката државна телевизија.

„Фалуџа се врати во татковината. Нашите сили го контролираат градот и цврсто владеат со неговиот центар“, изјави премиерот Хајдар ал-Абади во телевизиското обраќање.

Ирачкиот премиер во текот на ноќта кон саботата се обрати неколку часови откако ирачките сили го заземаа клучните позиции во градот, вклучително и зградата на владата во Фалуџа и главната болница во самиот центар на градот.

Ал-Абади притоа објави дека следен на ред за ослободување од Исламската држава е Мосул, вториот по големина град во земјата. „За Исламската држава нема место во Ирак. Напуштете ја нашата земја, Ирак е само за Ирачаните“, порача премиерот.

Сунитските џихадисти сé уште контролираат сунитски делови од Ирак во северот и западот, каде што имаат поддршка од локални групи водени од поранешни офицери во армијата на соборениот и егзекутиран ирачки диктатор Садам Хусеин.

„Операциите во Фалуџа продолжуваат. Копнените сили на ирачката војска го заземаа центарот на градот и работат на ликвидација на преостанатите елементи на Исламската држава во градот“, објави портпаролот на Пентагон, Метју Ален.

Откако на 23-ти мај започна офанзивата за ослободување на Фалуџа со