Ад-хок комисијата повторно не успеа да го одбере петтиот член

0
256

Договор за петтиот член на привременото тело за следење на медиумите за изборите може да се очекува најрано во понеделник, откако четворицата членови, предложени од партиите, неделава во неколку обиди не успеаја да постигнат консензус. Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, се договорија повторно да се сретнат во понеделник, оставајќи можност да се соберат ад хок и викендов во случај партиите да се договорат околу името на петтиот член, кој е предвидено да биде Албанец.
Од претходно е познато дека од предложените кандидати, во најтесниот круг се влезени Даут Даути и Сефер Тахири, но за ниту еден од нив четворицата други колеги не успеле да се договорат.