Адам Џонсон призна дела злоставувал малолетничка

0
339

Повремениот англиски репрезентативец, играч на Сандерленд, Адам Џонсон (28), признал дека имал сексуални односи со девојка помлада од 16 години. Џонсон, во средата, пред судот се изјаснил за виновен и по втората точка од обвинението, односно дека го планирал кривичното дело.

Судскиот процес против Џонсон започна во средата, а тој пред судот се изјаснил дека е виновен по двете точки од обвинението: дека имал сексуални односни со малолетно лице и дека го планирал кривичното дело.

Адам Џонсон, фудбалската кариера ја започна во Њукасл, а како млад фудбалер се сели во Мидлсброу, каде го потпишува првиот професионален договор. Како позајмен играч од овој клуб настапувал за Лидс и Вотофорд, а во 2010 година се сели во Манчестер Сити, две години подоцна го напушта Сити и кариерата ја продолжува во Сандерленд.

Џонсон, во кариерата, има одиграно 12 натпревар за најдобрата англиска селекција и има постигнато два гола.