Администрацијата на Обама против дискриминацијата на трансродовите студенти

0
358

На транс-родовите студенти мора да им биде дозволено да ги користат тоалетите кои одговараат на нивниот избран родов идентитет, тоа е пораката од администрацијата на Обама до јавните училишта.  Писмото потпишано од раководителите на Одделите за Правда и Образование им дава насоки на училиштата за избегнување дискриминација.

Овој потег доаѓа во време кога администрацијата на Обама ја тужи сојузната држава Северна Каролина за т.н. „одредба за тоалетите“, велејќи дека таа ги крши федералните закони за анти-дискриминација.