Администрацијата пред судовите

0
784

И денеска судската администрација во Битола на штрајк пред судските палати. И тие штрајкуваат како и мнозинството нивни колеги низ македонските судови.  И пред Основниот и пред Апелациониот секојдневно излегуваат на протест.

А внатре во судот, административна работа само за итните случаи.

Преку пратенички групи застапени во собранието УПОЗ ќе се обиде да да издејствува промена на двата члена од законот за судската служба што е главното барање на штрајкувачите.
sud 1
Штрајкот на судската администрација продолжува, а за поддршка се изјасниле вработените во 26 од 29 судови, соопштуваат од УПОЗ и од таму велат дека административците едногласно одлучиле да не отстапуваат од барањата се додека  не бидат исполнети. Во ваква состојба без решение, синдикатот најавува дека  штрајкот ќе продолжи и по летните одмори што ќе има негативни последици врз целото судство. Досега сите обиди за средба со претставници на извршната власт завршија без успех.