Адриано Валерио за Банат

0
2941

На ИФФК.Браќа Манаки, беше прикажан италијанско македонскиот филм Банат во режија на Адриано Валерио.

Филмот е копродукција помеѓу повеќе земји, меѓу кои е и Македонија. Беше прикажан во програмата „Нов европски филм“, поддржана од Европската Унија. Светската премиера му се случи на фестивалот во Венеција, во програмата „Недела на критиката“, а после Битола ќе следува Интернационалниот филмски фестивал во Пусан, кој важи за мека на филмските фестивали во источниот свет. Филмот во октомври ќе учествува и на Варшавскиот филмски фестивал од А-категорија.

Делот снимен во Македонија во голем дел ја дефинира атмосферата во филмот. Овој филм беше прва продукција работена според новите закони, што треба да придонесе за подобар развој на продукциите во земјава. Ова е прва копродукција помеѓу Македонија и Италија.