Адвокатите од Битола го одбележаа Денот на македонската адвокатура

0
1103

Адвокатурата е атрактивна професија, вели претседателот на Адвокатската заедница во Битола, по повод одбележувањето Денот на македонската адвокатура .Од вкупно 38 адвокати запишани во Именикот на адвокатите за 1945 и 1946 г., во Битола адвокатски канцеларии отвориле вкупно 10. Од тогаш до денес бројот на адвокати континуирано се зголемува . До 82 во Битола биле 14 до 18 адвокати а денес нивната бројка е околу 150. Тоа според претседателот на Адвокатската заедница во Битола се должи на развојот на правосудниот систем, потребата да се зголеми таа правна заштита и масовност на правните односи.

-Факт е дека адвокатската професија е атрактивна професија. Можеби за тоа првиот аспект е слободата во делување и можноста да секој самиот ја раководи својата канцеларија, а сигурно во рамки на тоа има и социјален елемент.Нeкои колеги не се во можност да најдат да најдат своја егзистенција во други правни професии и се одлучуваат да пробаат во адвокатурата , со оглед на тоа што во моментот има доста поволности за отварање на адвокатска канцеларија, и тој елемнт игра улога  во бројот на адвокатите. Но генерално, во последните 10 години најголемиот дел од адвокатите сегашни а тогашни кандидати за адвокати , се запишуваат во именикот на Адвокатската комора , пред се од желба и љубов да бидат дел од оваа професија, што е сериозен податок од аспект на искрениот пристап кон професијата и од аспект на храброста и совесноста во постапувањето како адвокати, изјава Никола Главинче претседател на Адвокатската заедница од Битола

По повод 71 години од основањето на Адвокатската комора и 71 години адвокатурата во слободна Македонија, битолските адвокати положија свежо цвеќе пред бистите на адвокатските приправници и херои Коле Канински и Јосиф Христовски Ѕвончарот пред Апелациониот суд Битола. Две генерации на адвокати ги означуваат почетоците на адвокатурата во Битола и слободна Македонија.

Битолските адвокати го посетија и гробот на д-р Павел Шатев, кој е иницијатор за основање на АК на Македонија.