Аеродромот во Амстердам делумно евакуиран, неколку уапсени

0
336

Меѓународниот аеродром Амстердам делумно е евакуиран во вторникот навечер откако полицијата е повикана поради сомневање во подметната експлозивна направа, а холандските медиуми пренесуваат дека неколку лица се уапсени.

Експертите за експлозиви прегледале багаж на маж уапсен на аеродромот „Шипхол“ околу 21,30 часот, но не е јасно дали откриле експлозив.

Според локалните медиуми, уште две лица се приведени нешто подоцна, а по нив уште четири лица кои биле во возлил со ознаки на Белгија.

Аеродромот „Шипхол“ на Tweitter објави дека инцидентот не влијаеле на одвивањето на сообраќајот и дека целиот јавен превоз до аеродромот функционира вообичаено. /крај/мф/сн