Агенти на Европол инфилтрирани меѓу мигрантите во Грција

0
243

Европската полиција уфрлила тим од прикриени агенти, во центрите за регистрација на мигрантите во Грција, за да се спречи инфилтрација на оперативци на Исламска Држава, пишува денешен „Катимерини“.

Словенечкиот директор на Европскиот центар против криумчарење мигранти, Роберт Чрепинко, изјавил дека 10 прикриени полицајци се на тајна задача на осторвите Лезбос, Самос, Хиос и Лерос, како и во пристаништето во Пиреја.

Според директорот, задачата на оперативците е да се даде поддршка и на грчките власти во битката со овој вид организиран криминал.

Без коментари

LEAVE A REPLY