Агенцијата Венера Кемаловски ги отфрла обвинувањата на група студенти

0
2024

По реакциите на студенти дека имале проблеми при нивното патување на работа во Германија, а што било организирано од агенцијата Венера Кемаловски, денеска од Агенцијата за посредување при вработување ги отфрлија обвинувањата.

„Разочарани сме од лажните изјави на студентите кои тврдеа дека не сме им ги враќале средствата.
Откако дознавме дека ќе се пролонгира процесот со дозволите за ЗАРА од страна на Германскиот завод за вработување ЦАФ, средствата/ односно авансот за патување и сместување пред скоро една недела им се рефундирани на сите студенти, кои се на број околу 15до 20 лица, не се 100до 150. Нашиот тим зборува со факти и секогаш со дела, студентите кои уплатиле, веднаш потврдите можеме да ги доставиме до сите официјални органи.
Во врска со 2000 денари апликативни трошоци и интервју.
Интервјуата за проверка на јазик мора да ги поминуваат сите апликанти, за да може ние како агенција да извршиме соодветно рангирање и селектирање на странките, за да се испратат кај работодавците кои потоа ги студентите ги пријавуваат во ЦАФ за да ги одобри истите за да започнат со работен однос. Средствата се неповратни, тоа му е објаснето на секој апликант на самото интервју и е наведено во самите апликации.

Дозволите на студентите се одобруваат од страна на ЦАф -Државна Агенција за вработување во Германија кој е официјален орган за одобрување на самите дозволи за студентите.
Поголем број на дозволи се веќе пристигнати во нашите канцеларии, но работодавците не известуваат дека не сакаат овие студенти да работат во нивните компании поради нивното несоодветно однесување и вооедно со ова им се нанесе штета и на сите останати студенти кои аплицираа за ЗАРА , но сепак ќе се потрудиме да заминат барем оние кои немаат виновност во пропустот. Нашата Агенција веќе пет години работи на пазарот и за сето тоа време ваков проблем не настанал. Не би дозволиле самите на себе да си наштетиме со криење дозволи. Тоа не би одело во наш прилог (секоја дозвола е приоритетна за нас). Венера е веќе како што кажав, агенција која работи пет успешни години со реноме и репутација. Имаме над 100-ци задоволни студенти кои и во моментов работат, благодарение на нивната доверба.
Што понатаму? Студентите неколегијално постапиле кон нас, трпевме несоодветни изрази на работно место во нашите канцеларии, напори и навреди кои не се за во јавност и ширење дезинформации околу измама со финансии и наштетување на самото реноме на фирмата, но сме убедени дека правните лица – односно адвокатите во нашата агенција ќе го повратат редот и вистината ќе биде приложена со дела и со тоа воедно ги известувам сите кои вршеа пропаганди со ширење лаги за Агенцијата ќе бидат тужени од нашата страна“ вели Маја Трајковска, асистент на  Кемаловски кој е сопственик на агенцијата за Посредување при Вработување во земјата и странство Венера и паралелно генерален менаџер на баварскиот дел на Р.Германија во светски познатиод бренд Бургер Кинг.

Без коментари