Агенцијата за храна и ветеринарство ја контролира храната која се донира

0
426

Општинската организација на Црвен крст Битола Ве информира дека Агенцијата за храна стапи во контакт со ВД Секретарот Илиевска и напомена дека цела храна која ќе се донира од страна на граѓаните пред да биде испратена на настраданите од поплавите ќе се контролира од страна на Агенцијата за храна,ООЦК-Битола има соодветен простор каде храната се чува во соодветни услови проверени од страна на Агенцијата за храна,а потоа следува сортирање на храната,контрола од стран на Агенцијата за храна и дистрибуција.Пунктови каде секој граѓанин може да донира се: куќарката на Дедо мраз,Веро центар,и колички во поголемите маркети во градот( маркет св Тома,Веро нова Битола,Тинекс нова Битола,Ангромаркетин пумпа макпетрол,Ангромаркетинг кај ООЦК,Кам маркет и Шик комерц Оризари).

ООЦК-Битола напоменува помошта да оди преку нашата организација со цел да не имаме несакани последици.