Агрегат скара двајца соседи, инспекцијата го реши проблемот

0
2032

Сопствениците на ново отворениот ресторан Жежо кој што се наоѓа спроти влезот од пазарот, се жалат на голема бучава и чад која е предизвикувал агрегат кој што бил поставен на објект кој што се наоѓа во непосредна близина на нивниот ресторан

-Не ме интересура на каков начин се снабдува со струја, но многу ни пречи бучавата и чадот, не можеме прозорец да отвориме , а во дворот каде што планираме да отвориме летна тераса, неможевме до ден денес маса да намистиме, изјави Натали Жежовска, сопственик на ресторанот Жежо во Битола

Многу често велат имале и поплаки од гостите поради бучавата и чад

-Гостите често ни се жалат на големата бучава. Сега е зима, внатре поради законот не се пуши цигари, па гостите кога излегуваат надвор, им пречи бучавата и чадот, додава Жежовска

Откако не успеале да се разберат меѓусебно се обратиле до секторот општински инспекторат при Општина Битола

-Имаме решение од инспекторката, дојде ја утврди бучавата за која што рече дека е над дозволеното, и дека многу пречи, т.ш решението е во наша корист, вели Жежовска

Одговор побаравме и од другата страна, за да прашаме зошто не постапуваат согласно решението од општинскиот инспекторат

-Имаме проблем со ЕВН, и затоа мораше да уклучиме агрегат. Управителот не го доби веднаш решението, туку тоа беше оставено вдуќан. Во петокот го изолиравме делот, изјави Никола Талевски

Талевски вели дека кога ќе започне ресторанот Жежо да ја работи летната тераса планира да го затвори дуќанот додека не се решел спорот што го имале со ЕВН.

Без коментари

LEAVE A REPLY