„Агроунија“ со светски искуства за фармерите во Могила

0
510

Како млекопроизводителите да го подобрат квалитетот на млекото со цел да бидат конкуретни на евроспкиот пазар? Во Могила фармерите имаа можност да слушнат кои се квалификации ги поседува брендот Шауман од нутриционистот Драгомир Јеремиќ .

-Денешната тема треба да им појасни на млекопроизводителите каде се наоѓаат главните разлики во производствените резултати помеѓу производството на млеко во Македонија во споредба со производството на млеко во Западна Европа , а во духот на измените на законот на Европската заедница која ја укина квотата на млеко и дозволија неограничено производство на млеко во сопствените земји , која прави голем притисок на сите земји од Западен Балкан вклучувајќи ја и Македонија. Домашното производство на Блаканот далеку заостанува . На овај собир треба да се дефинираат конкретните причини каде се наоѓаат разликите и покрај заложбите на домашните производители во опремата , генетиката итн ,  меѓутоа со производствените резултати сме многу далеку , под резултатот во Западна Европа, изјави д-р Драгомир Јеремиќ  доктор по биотехнологија во Шауман

Пред земјоделците беа презентирани и ZP Хибридите

-Акцент ставаме на пченката 735 која е една од најдобрите на медитеранот па и на балканот , која дава врвна силажа, која има посебни својства која не разградува, односно хлорофилот останува , и идеална е за производство на силажа од 70 до 80 тони, изјави инж. агр. Огнен Оровчанец

Со воведување на одредени производи во исхраната на стоката се подобрува квалитетот на млекото, но исто така за да се зголеми производствениот резултат важни се и промените во менаџментот

– Она што е најважно за мекдонските производители е во начинот на производство дека не постојат две линии. Да нема производство за Источна Европа , да нема производство за Македонија. Да нема линија која што ќе ги дели производителите на , што за жал е најчест случај во квалитетот на производите кои се појавуваат на македонскиот пазар . Самите производи не дозволуваат видоки производствени резултати, изјави д-р Драгомир Јеремиќ  доктор по биотехнологија во Шауман

Од Агроунија со апел до земјоделците да користат хибридни семиња

-Да користат проверени семиња, зборуваме за семиња кои што на балканот се трошат околу 50 до 65%, екеперименти да се прават на помали површини, додаде инж. агр. Огнен Оровчанец

Агроунија има пет продажни центри во кои се извршува промет со минерални ѓубрива, семенски материјали, средства за заштита на растенија, добиточна храна, материјали за земјоделие и ситна механизација.

Без коментари

LEAVE A REPLY