Ахмети го назначува Незири за шеф на изборниот штаб на ДУИ

0
231

Беким Незири моментално ја врши функцијата министер за економија, а претходно беше генерален директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (2011-2014) директор за за економски и правни работи во Агенцијата за цивилнo воздухопловство М-НАВ (2009 – 2011), заменик директор во УЈП (2008-2009)…

Инаку, на настанот во Сала 5 на Скопски саем ќе бидат именувани сите претседатели на општинските штабови со околу 1.000 членови, ќе добијат решенијата за именување, како и принципите за работата на штабовите дадени од претседателот Али Ахмети.

„Сите изборни штабови, од централниот до тие на локално ниво, бројат околу 15 илјади активисти кои се спремни за голема победа на ДУИ на наредните парламентарни избори во 2016“, информираат од ДУИ.