Ахмети и Коѕијас разговарале за името, но не се откриваат детали

0
591

Али Ахмети не откри за кои конкретни грчки предлози за решавање на спорот со името се разговарало во Атина при неговата средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, покрај вчерашните најави од неговата партија дека токму спорот ќе биде единствена тема на разговор.

Јас сум отворен и сите мислења и размислувања ги пренесувам кај коалициските партнери. Видов подготвеност и добра вољња од страна на министерот за надворешни работи на Република Грција во правец на изнаоѓање решение, изнаоѓање на компромисно решение. Оваа воља секако ќе ја пренесам во Скопје, со надеж дека двете страни ќе имаат добра воља за решение.
Средбата траеше час и половина и секако дека разменивме мислења и идеи, додава Ахмети, на прашањето дали се разговарало за конкретни предлози. ДУИ вчера за 24 вести брифираше дека партијата е на ставот дека треба да има придвижување во спорот во наредниов период, додека Македонија има техничка влада.
Посетата на Ахмети во Атина, заедно со двајца вицепремиери од владата, МНР ја нарече партиска. На ова реагираа од коалицискиот партнер во власта, тврдејки дека посетата е исто толку партиска како и посетата на министероит за надворешни работи во декември.

Без коментари

LEAVE A REPLY