Ахмети на средба со Мета

0
536

Aлбанскиот претседател, Илир Мета  се сретна со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

Мета ја истакнал важноста за целосна имплементација на Охридскиот договор, за почитување на правата на Албанците во Македонија и подобрување на атмосферата на взаемна доверба меѓу Албанците и Македонците во интерес на евроатланската интеграција на земјата.

Албанскиот претседател го оценил позитивно придонесот на ДУИ во интерес на стабилноста на Македонија и унапредувањето на нејзината европска агенда.

Албанскиот претседател Мета изразил заложба за зајакнување на соработката меѓу Албанија и Македонија во интерес на двете држави и европската перспектива на регионот.

Без коментари