Ахмети: Не ме радува победата, Албанците изгубија мандати

0
1642

ДУИ победи на избори, но мене секогаш ме интересирало да победат Албанците во прв ред, и не ме радува победата на ДУИ, рече вечерва Ахмети.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го радува фактот што изборите поминаа мирно, без проблеми, што според него, значи дека земјава оствари голем напредок и зрелост околу организирањето на слободни избори, пренесе МИА.

– ДУИ секогаш апелирал кај својот електорат, кај Албанците и од нив барал да не се парцијализираат, партизираат во мали партии, бидејќи ќе бидат губитници. Секогаш ги повикувавме малите партии да бидат заедно, да го победат ДУИ, а да не изгубат Албанците. Со гнев велам дека Албанците изгубија мандати. ДУИ победи на избори, но мене секогаш ме интересирало да победат Албанците во прв ред, и не ме радува победата на ДУИ. ДУИ ќе остане одлучна во правец на одбрана на нејзината доктрина, која ја претстави пред Албанците во земјава – изјави Ахмети. вечерва на прес-конференција во Тетово.
plusinfo.mk