Ахмети во Атина на средба со Коѕијас

0
396

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Атина ќе оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Ахмети и Коѕиас, како што соопшти ДУИ, ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, отворените прашања меѓу двете земји и евроатлантските интеграции на Македонија. Ахмети ќе биде придружуван од пратеникот Артан Груби, вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.