Аи Веивеи донесе пијано на грчко-македонската граница за бегалка да може да свири

0
791

Кинескиот уметник Аи Веивеи вчера донесе големо бело пијано во калливиот, потопен од дожд камп за бегалци на нашата јужна граница, за млада сириска бегалка да може да свири прв пат после три години.

Свирејќи на дождот под најлон, 24-годишната Нур Алкзам, која се надева дека ќе му се придружи на својот сопруг во Германија, свирела 20 минути во кампот Идомени, каде моментално 12000 бегалци се заглавени во лоши услови.

„Ова е наш обид да создадеме можност за оваа дама“, изјави Аи на крајот на непланираната изведба. „Таа е жртва на оваа војна. Немала шанса да допре пијано веќе три години. Таа и нејзиниот сопруг се разделени веќе една и пол години“.