Ајде да возиме на Пелистер 2016

0
2332

Втора година по ред викендов ќе се одржи велосипедската тура „Ајде да возиме на Пeлистер 2016“. Стартот ќе биде од с.Ротино во 9 часот, каде што ќе се собере групата и ќе се доделат ваучерите. Од таму преку месноста Голема Ливада , па по патот за Големо Езеро, се стигнува до таму и таму се останува вечерта. Има и ди- џеј кој што ќе се погрижи да направиме заедно добра журка. Другиот ден во неделата некаде околу 10.30 минути, прва релација ќе ни биде кон врвот Пелистер па потоа спуштање пак кон почетокот на стартот во с.Ротино. Се очекуваат гости вториот ден да дојдат и од Охрид. Инаку годинава клубот „Ајде да возиме“ е осицијално регистриран као клуб, беше речено на денешната прес конференција од страна на претставниците на клубот „Ајде да возиме“.