“Ајде“ на протестен марш , ноќта ќе ја поминат пред уставниот суд

0
822

Граѓанското движење „Ајде“ најавува дека во вторник ќе одржи протестен марш кој ќе започне од пред Владата на Република Македонија а ќе заврши пред уставен суд.

Таму ќе останат цела ноќ за, како што велат симболично да бдеат над уставот, за наредниот ден, во средата за кога е најавена седницата на која треба да биде донесена одлуката за помилување на изборните нерегуларности, да ги пречекаат уставните судии.