Академија во чест и слава на „Свети Нектариј Битолски”

0
433

„Да се има добар, искрен и честит пријател е благослов и утеха за душата, но да се има за пријател добар, искрен, честит, но и свет човек, кој е близок и свој на Бога, е спасителна небесна роса за нашите души, благослов, утеха и радост за нас и за сите наши ближни”.

nektarija 4

      Со овие зборови беше означен почетокот на духовната академија во чест и слава на „Свети Нектариј Битолски”, светецот и заштитник на Битола, која што се одржа во Народниот театар во Битола.

     „Денес кога го славиме нашиот сограѓанин светиот Нектариј битолски, кој по милоста Божја стана и сограѓанин на Небесниот Ерусалим, да го помолиме Нашиот Бог во Троица, да ја прими оваа наша скромна пофална лепта, како Негова од Неговите и Божјиот нектар, преку нашиот Нектариј, да ги допре срцата на сите битолчани за да се заборавиме и ние себе си, исто како што и свети Нектариј се заборави себе си заради сите нас”, беше порачано на академијата.

Денот на заштитникот на градот, на сите граѓани на општина Битола им го честитаа Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески и Митрополитот Преспанско – пелагониски г.Петар.