Академик Георги Здравев, диригент на концертот на Симфонискиот оркестар

0
492

Салата во народниот театар Битола, беше исполнета до последно место, за концертот на Симфонискиот оркестар, под диригентска палка на академик Георги Здравев.

Вљубениците на класичната музика уживаа во изведбата на делата од Моцарт, Шуберт и други.

Концертите на овој оркестар продолжуваат и во иднина.

Солист на концертот беше пијанистот Жарко Паунов од Штип,кој досега настапувал како солист со Македонската Филхармонија, со симфонискиот оркестар во Милано, со Гудачки квинтет во домот на арменската култура во Милано.

Добитник на повеќе први награди на домашни и интернационални натпревари.

Академик Ѓорѓи Здравев,е роден 1938 година во Битола.koncert1

Диригент и организатор на повеќе опери и концерти со голем број познати солисти и оркестри во земјава и странство. Добитник е на голем број благодарници, признанија и награди за својот труд. Георги Здравев е Академик во Светската Академија Плато.

Минатата година беше промовирана монографијата-„Животот е музика“, монографија од големо значење за многу генерации, особено за оние кои низ животот ќе патуваат заедно со музиката, заедно со големиот број на приказни кои ги има во книгата.

Здравев изминатиов период, беше идеен творец и организатор на повеќе концерти, во чест на композиторот на првата македонска опера, Кирил Македонски.