Ако денеска договорот од Пржино не преживее, утре можно е и да ја изгубиме препораката за членство во ЕУ

0
313

И вчера ништо ново не се случи во однос на помрднувањето од мртва точка на блокираното спроведоување на договорот од Пржино. Засега нема никакви најави дека денеска може нешто да се случи во однос на недоразбирањата за отворените отворените прашања од договорот од Пржино. Европската комисија утре ќе заседава за извештајот за напредокот на Македонија.

Еврокомесарот Јоханес Хан при последната посета на Македонија изјави дека ако договорот од Пржино не се спроведе, тогаш Македонија ќе ја загуби препораката за членство во ЕУ.

За претставниците на четирите политички партии во однос на спроведувањето на договорот од Пржино останаа уште многу отворени прашања – надлежностите на новите министри кои треба да ги предложи СДСМ (рокот беше 20 октомври), докомплетирањето на тимот на специјалната јавна обвинителка, усогласување околу законите за необјавување на прислушуваните материјали и за заштита на „свиркачите“…

Викендов белгискиот експерт Питер Ванхојт имал билатерална средба само со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, но нема информации дали било нешто договорено. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.

Сите се согласни дека ако вечерва не се постигне договор, тогаш Европската комисија утре ќе го затвори извештајот за напредокот на Македонија без препорака. За Груевски тоа очигледно и не е некој проблем. Тој во петокот во говорот по повод Денот на македонската револуционерна борба најави како би можеле да се развиваат работите. „Барам седми позитивен извештај за Република Македонија, седма препорака и датум за почеток на преговорите. Тоа е цивилизациски, морално и оправдано. Нема човек кој смета дека ова е незаслужено. Сега се зборува дека ќе биде одземена препораката. Губењето на препораката народот нема да го доживее трагично, и таа е бесмислена ако нема почеток на преговори“, рече Груевски.

СДСМ веќе најави дека сите опции се отворени во однос на нивното натамошно делување. Ако договорот од Пржино пропадне, она што најбрзо може да се очекува од СДСМ е продолжување со објавувањето на делови од прислушуваните материјали. А во саботата Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на Фејсбук веќе почна да ги најавува „бомбите“ – тик-так-тик-так…

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY