Ако ja напуштиме ЕУ, ќе живееме посиромашно

0
286

Ако Велика Британија ја напушти Европската унија, тоа ќе го влоши животниот стандард на обичните Британци, изјави премиерот Дејвид Камерон во интервју за Sky News, цитиран од агенциите.

„Ако излеземе од ЕУ, ќе живееме посиромашн“, рекол Камерон 3 недели пред референдумот на 23 јуни.

Според него, во случај на Brexit земјата ја чека деценија на несигурност, во која владата ќе разгледува нови услови за трговија со ЕУ.

Британскиот премиер истакна дека независно од позицијата за членство на Велика Британија во ЕУ, тој никогаш не би дозволил таа да се приклучи на еврозоната, бидејќи тоа според него не одговара на основните интереси на земјата.

Камерон е убеден дека структура како ЕУ придонесува за стабилноста и мирот во регионот. „Во рамките на ЕУ земји кои војуваа меѓу себе 2 пати во изминатиот век, сега водат дијалог“, истакна тој.

Британскиот премиер рече дека во наредните децении Турција нема да влезе во ЕУ, бидејќи не се придржува целосно до бројните услови за пристапување.