Ако на Трамп му ја одземат номинацијата, ќе има немири

0
391
Доналд Трамп, фаворитот во трката за републиканска претседателска номинација  денеска изјави  дека ќе има нереди ако лидерството на партијата се обиде да му ја одземе номинацијата.

Трамп вели дека ќе освои неопходен број на делегати за партиска кандидатура и пред републиканската конвенција на која ќе биде одредена номинацијата. Тој рекол дека “ќе има голем проблем”, доколку лидерите се обидуваат со маневри да ја спречат неговата претседателска кандидатура.

„Мислам дека не можете да кажете дека номинацијата не се добива автоматски. Мислеам дека ќе имате немири, бидејќи јас претставувам милиони луѓе“ – изјави  Трамп.

Противниците на Трамп во Републиканската партија сега положуваат надежи на таканаречената “договорна” конвенција, односно на ситуацијата дека никој нема да ги има неопходните 1.237 делегати, па партиската елита со меѓусебни договори ќе одреди кој да биде кандидат.