Aко не чувате фискална казна од 100 евра во грција

0
1694

Едвај го чекате одморот, па да се засолните во некое летувалиште. Штедите пари за да имате за што подобра забава. Како секоја година така и оваа , барем како што велат од туристичките агенции битолчани ја бираа Грција за летен одмор. Но таму невнимателноста може лесно да ве удри по џеб.

Парични казни од 100 евра се наметнуваат на клиентите во Грција кои нема да ги чуваат фискалните сметки. Кај јужниот сосед течат масовни проверки за издавање на фискални сметки. Ќе бидат казнети и клиентите кои нема да побараат такви при користење на одредени услуги.

Грчкото Министерство за финансии предупредува дека многу често трговците ја намалуваат цената на стоките, ако клиентот се согласи да не добие фискална сметка.

Најчесто измамени клиенти се странци кои не се сомневаат дека можат да бидат казнети. Инспекторите обично се цивили и кружат во трговските објекти, без да дадат сигнал дека вршат проверки.

Трговците исто така се соочуваат со солидни парични казни кои достигнуваат до 5.000 евра, а во некои случаи и до одземање на лиценцата.

Во летната сезона проверките се засилени, бидејќи Министерството за финансии во Атина сака да го ограничи затајувањето на приходи.

Во сите грчки ресторани, продавници и објекти за услуги се поставени табли со натпис: “Клиентот не е должен да плати, ако не добие фискална сметка”.

Без коментари