Ако не помагаме на другите, не можеме да си помогнеме ни себеси-Мите Грозданов во Црв

0
439

Монодрамата „Црв“ во изведба и режија на актерот Мите Грозданов, беше изведена како дел од фестивалот на монодрама во Битола.

Претставата е подготвена според мотиви од романот „Вистина, љубов – рашомонијада“ на Дејан Трајкоски.

Драматизацијата ја направи Борче Грозданов кому му се допаднала приказната за главниот лик на романот – Владо.

– Тоа е лик кој во денешно време речиси да го нема или го има насекаде само некаде скриен, интровертен. Преку книгата на Трајкоски ги осознаваме таквите ликови и едноставно, морав да направам нешто, рече Грозданов .

Текстот му го дал на својот татко – актерот Грозданов, кому ова е деветта монодрама по ред.

Доајенот на македонскиот театар соопшти како сценски го адаптирал прозниот лик Владо – човек несигурен и нестабилен.

– Тој животните маки си ги кажува низ гротескните, комични ситуации, брехтовски премини, приказната си тече и на крај одлучува да си замине од овој свет бидејќи не ја наоѓа смислата на животот.