Ако не се избере обвинител до 15 септември, договорот ќе биде невалиден

0
249

Лидерот на опозицијата Зоран Заев на денешната прес-конференција пред официјалниот влез на опозициските пратеници во Собранието порача дека ваквиот чекор СДСМ го први поради почит на договорот од Пржино, но доколку првенствено не се избере специјален јавен обвинител до 15 септември, а потоа не се исполнат сите договорени точки во целост, тој договор ќе биде невалиден.

-Прва обврска е специјален јавен обвинител до 15 септември. Мора да се реализира. Во спротивно договорот нема да биде валиден. Материјалите што ги поседуваме од прислушувањето на власта, нема да имаме кому да ги предадеме и ќе мораме да продолжиме да ги спроделуваме во јавноста, порача Заев пред законодавниот дом.

Според него, работните групи на четирите политички партии кои работат на спроведувањеето на договорот од Пржино се во фаза на изменување и дополнување на законот за Јавното Обвинителство, бидејќи без претходно утврдени законски решенија, не може да се разгледува опцијата кој би бил специјалниот јавен обвинител.

Заев тврди дека со влегувањето на опозицијата во Собранието нема повеќе да има „палома договори“.

-Со влегувањето во Собранието, СДСМ и опозицијата ја потврдуваат сериозната определба да се надмине политичката криза, да се вратат демократските процеси и да се нормализира државата. Ова се целите од кои нема да отстапиме, изјави Заев.

Без коментари

LEAVE A REPLY