Ако нема избори на 24 април тогаш не важи ниту договорот од Пржино

0
502

Ако нема избори на 24 април тогаш не важи ниту договорот од Пржино“, изјави за Телма, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ, Иво Котевски.

Тој додаде дека оставката на премиерот Груевски е исто така условена со датумот на избори.

„Политичката криза во  која ја втурна државата СДСМ треба да заврши а излезот од таа криза се изборите. Датумот е круна на договорот од Пржино и целта зошто е постигнат тој договор  и доколку некој си поигрува со датумот тогаш ја загрозува целта“, смета тој.

Котевски нагласува дека доколку нема датум за избори зошто би била избрана техничка влада затоа што се зависи од договорот од Пржино чија цел беа изборите.

Без коментари

LEAVE A REPLY