Ако нема компромис во наредните денови, пропаѓа Договорот од Пржино

0
347

Договорот од Пржино и официјално ќе биде мртов, доколку до крајот на викендот нема договор, а доколку нема договор, нема ниту избори.

Медијаторот на ЕК Петер Ванхауте на двочасавен брифинг без дипломатски ракавици порача дека политичките лидери не покажуваат одговорност за иднината на земјава. По синоќешното фијаско и пробивањето на рокот, Ванхауте денеска најавува билатерални средби на повеќе нивоа, и можност за веќе утре да се состане работната група.

Ванхауте тврди доколку договорот пропадне ќе има санкции, но и конкретна акција од ЕК. Олеснувачот порача дека сите опции се на маса и посочи дека доколку се случи комплетен крах – реалциите на Македонија со ЕК ќе бидат сведени на однсоиите што ги има Белорусија, а земјава ќе биде во изолација.

Ванхауте вели дека неможе да потврди ниту да демантира дали ќе има замрзнување на сметки на конкретни функционери, но порачаува дека искуството покажало дека тоа е ефикасна мерка.

Освен што е доведен во прашање договорот, виси и тајмингот за одржување на предвремените избори и доколку има поместување во позициите на партиите.

Ванхауте порачува доколку до почетокот на ноември изборниот законик не се усвои, а ДИК не почне да функционира по новите правила и со доволно пари – тоагш нема  да има предвремени избори во април.

Ванхауте дециден, во Македонија има институции, но тие не функционираат и не се спроведуваат законите што се носат. Особена загриженост олеснувачот изрази за опструкциите во работата на СЈО, потенцираше дека согласно законот за СЈО, Јанева мора да добие се што ќе побара и што и е потребно за да профункционира.

Олеснувачот посочи и на опструкциите и партизираноста и во сите судски инстанци.

Со презентација и шеговити досетки – тој детално раскажа како течат преговорите. Но и позициите, кои вели се дел договорот што го потпишале сите партии и од кој нема мрдање.

Министрите на опозицијата во Владата на Груевски нема да пијат кафе цел ден, тие ќе ги имаат сите ингеренции, се што е надвор од тоа е шега, вели Ванхауте. Ветото од замениците е само за прашања поврзани за изборите.

Анкетната комијата треба да биде раководена од СДСМ и во неа да се разговара и за содржината на „бомбите“, како и за тоа кој и како прислушувал.

Законот за објавување на бомби – не смее да не биде во согласност со европските стандарди и новинарите да не смее да се казнуваат затоа што го почитуваат јавниот интерес, односно мора да објавуваат материјали кои покажуаат и криминал во работата на избраните функционери.