Ако треба и писмено ќе му гарантирам на Иванов дека унитарноста на државата ќе биде зачувана

0
980

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е подготвен да прости и ако е потребно да му подаде рака на претседателот Ѓорге Иванов, за доброто на Македонија. Во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21 тој рече дека е подготвен да појде кај Иванов и уште еднаш да го увери дека ќе ја зачува унитарноста на државата.

„Подготвен сум и изјава да потпишам. Ќе одам и уште еднаш ќе гарантирам дека унитарноста ќе биде комплетно зачувана и унапредена“, изјави Заев.

Лидерот на СДСМ ги демантираше шпекулациите дека некој од ВМРО-ДПМНЕ побарал амнестија и додаде дека она што може да го вети е дека секој ќе има правично судење. Заев повторно најави комплетна реформа на судството, што значи распуштање и реизбор во судството и примена на најдобрата европска пракса, односнои, далеку од рацете на политичарите да се воспостави темел на независно судство.