Актери на битолскиот театар главни улоги во Медеја

0
443

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес премиерно беше изведена претставата „Медеја“ работена по мотиви од Еврипид на текст на Сашо Димовски во режија на Ненад Витанов.
Главните улоги на Медеја и Јасон ги играат актерите од битолскиот театар, Габриела Петрушевска и Огнен Дранговски, а покрај нив на сцената се и
Зорица П. Панчиќ, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасевски, Владимир Тулиев и Талија Настова.

– Оваа мојата Медеја не почнува со нејзиното отуѓување од родниот крај, туку ја претставува Медеја во времето пред таа да стане жена на Јасон. Каде почнува приказната за Медеја, претставата е двојна историја. Дел од претставата е сместен во сегашност, што зборува за бесмртноста на безвременската Медеја, потенцира Димоски.

Инаку, претставата беше изведена во рамките на фестивалот „Дамите на езерото“ финансиран со средства од ЕУ во рамки на македонско-грчкиот проект од Програмата за меѓугранична соработка на ФАД „Стоби“ од Велес со Здружението за култура „Преспа“ од Лерин.