Актерката Неда Арнериќ тешко повредена при пад од тераса

0
707

Српската актерка Неда Арнериќ (63) синоќа падна од третиот кат на зградата во Дубљанската улица каде што живее.

По страшната несреќа по која Арнериќ со скршеници беше пренесена на Ургентен, се огласи и нејзиниот сопруг.

– Неда вчера дојде од работен состанок по повод снимањето на некоја серија и се пожали дека е уморна. Заедно го гледавме мечот на Ѓоковиќ на телевизија, а потоа излезе на тераса да ја посетли облеката. Не знам што се случи бев внатре, само слушнав кога падна, вели сопругот.

Несреќата се случила синоќа околу 22 часот и 20 минути.  Според неофицијалните информации Неда паднала од терасата, од висина од 10 метри врз металниот лимен покрив на помошниот објект во приземјето на зградата.