Aктерот Бруно Ганц се прошета на Широк сокак

0
321

Aктерот Бруно Ганц, добитникот на Специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност, пристигна во Битола и заедно со директорот на фестивалот Димитар Николов,  неговата сопруга Кристина Христова-Николова и режисерот Митко Панов, член на меѓународното жири на Официјалната програма на фестивалот се прошета на Широк сокак. Како што соопштуваат од фестивалот скромниот и тивок гостин изрази желба што понеформално и без помпезност да ги помине деновите дури престојува во Битола и во Македонија и е одушевен од пречекот на организаторите на фестивалот. Наградата ќе му биде врачена утревечер, на свеченото отворање на фестивалот.

download