Актерот Никола Пројчевски заминува за Лондон

0
265

На 19-ти септември, актерот од Битолскиот народен театар, Никола Пројчевски, заминува за Лондон, каде ќе работи во шекспировиот Глоуб театар.

Тој е избран на конкурс на кој учествувале 1800 актери од целиот свет и е единствен актер од Југоисточна Европа што ќе биде вклучен во новата претстава на Глоуб театарот.

Никола Пројчевски е втор актер од битолскиот театар вклучен во програмата на прочуениот Глоуб театар. Пред него на истата сцена заигра Огнен Дранговски.