Активисти од Србија и Унгарија ја пресекоа оградата од бодликава жица меѓу двете земји

0
192

Активисти од Србија и Унгарија ја пресекоа оградата од бодликава жица на границата меѓу двете земји.

Иницијатори на иницијативите „Не на оградите во Европа“ и „Балкански пат“ денеска симболично ја пресекоа оградата на границата меѓу Унгарија и Србија и изјавија дека во 21. век во Европа не смее да постојат огради.

Милица Манчоќ, новинар и преведувачка од Белград, иницијатор на иницијативата „Не на оградите во Европа“ изјави дека ѕидовите меѓу државите се симбол на омразата, на поделбите меѓу луѓето и се антиевропски.