Акто и јавниот простор

0
701

Започна 11-то издание на Фестивалот за современи уметности Акто. Денеска започнаа од пред кафе-барот Јагода каде од „Плоштад Слобода“ го промовираа и делеа весникот „Активни заедници“.

-Целта на иницијативата „Битола не е на продажба“ е граѓаните да учествуваат во креирањето на културната политика на секој јавен простор, исто така институциите треба да понесат грижа, одговорност, да ги чистат објектите. Ако јавните простори не можат да ја имаат првичната намена, идејата е да има алтернативно решение односно да биде пренаменети за културни цели, изјави Влатко Деловски, член на иницијативата „Битола не е на продажба“.

-Дојдовме со се весник кој ги каталогизира сите соработки кои ги имавме изминатите година-две на полето на заеднички добра, а под заеднички добра подразбираме разни паркови, улици, национални паркови, воздухот, културното наследство, јавните институции. Плоштад Слобода соработуваше со преку 10 такви организации од Битола, Кавадарци, Струмица, Куманово, Велес и други градови каде што секаде има различен проблем, изјави Никола Наумовски, Плоштад Слобода.

Фестивалот ќе се одвива на неколку локации во градот.